Отворен за сообраќај: Нема блокади на Богородица

 За денеска нема најави дека граничните премини со Грција ќе бидат блокирани и привремено затворени од страна на грчките земјоделци.

Како што информираше началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев, состојбата на трите премини со Грција е редовна, односно до сега нема најави дека некој од граничните премини ќе биде блокиран.

Инаку, изминативе денови грчките земјоделци од северниот дел на земјата го блокираа преминот Евзони.Таму во периодот од 18 до 23 часот се пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути.

Завчера од 16 до 19 часот беше блокиран и преминот Ники, а досега на преминот Дојран-Дојрани немаше блокади.

22.02.2024 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега