Откриено кое е девојчето на кое Ѓоковиќ го подари победничкиот рекет- се огласи нејзината мајка

Се уште не „паднаа“ импресиите од  Ролан Гарос, кога му го даде победничкиот рекет на едно момче, Новак Ѓоковиќ го стори истото на Вимблдон.

Овој пат станува збор за девојчиња. Нејзината радост беше видлива на нејзиното лице, а по финалето се огласи нејзината мајка.

Нејзината мајка Крис ги откри деталите, бидејќи не беше со нив на Централниот  терен.

"Иванка е воодушевена. Разговаравме по телефон и таа ме праша  'Што се случи, дали е ова вистински рекет?' За тоа време, го шетав кучето со мојот петгодишен син, бидејќи тој не можеше да влезе на трибините поради неговата возраст. Би сакала да бевме сите заедно “, вели нејзината мајка.

Тие свете го направиле транспарент на кој пишуваше НОВАК, и секој збор имаше посебно значење на англиски јазик. N беше за број 1, О  за неверојатен, Б за победник, А за амбициозен и последниот К  се однесува на бакнежи.

 

 

"Таа ги смисли сите зборови, освен  последниот. Таа сакаше последниот збор да биде крал или прекрасен, но јас сакав да биде нешто смешно. Ние навистина го обожаваме Новак. Тој работи напорно, тој е сè што сакате  во тенисер толку е добар и скромен “, заклучи мајката на Иванка Ли.

12.07.2021 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега