Откажал моторот на авионот на Путин

 

Претседателот на Русија, Владимир Путин на средба со претставници на воздухопловната индустрија раскажа како во една прилика птица го „исклучила“ моторот на неговиот претседателски авион.

Се сеќавам кога се случи, бевме во авион со два мотори. Птицата паднала во моторот и тој се исклучил. Го прашувам пилотот: „Што ќе правиме?“. Ми вели „Ќе се снајдеме, ќе издржи“, на што му реков: „Можеби е подобро да се вратиш и да слеташ“. На крајот слетавме, најважно е секогаш работите да ги правиме безбедно – рече Путин.

Путин зборуваше и за ситуацијата со неговиот претседателски хеликоптер.

Навистина ни беше важно да стигнеме таму каде што одиме. Јас веќе бев претседател, а пилотот рече: „Јас сум командант на авионот и јас ја носам одлуката. Нема да летам“, се сврте и излезе од хеликоптерот. Тоа е исклучително важна работа. Не само вашиот живот, туку и животите на десетици луѓе се во ваши раце – рече Путин.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи да ја поддржува сопствената воздухопловна индустрија и дека ќе излезе на меѓународните пазари со домашни авиони,пренесе Новости.рс.

09.02.2023 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега