Вчера во 20:00 часот во полициска станица е извршен службен разговор со С.А.(46) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна вонбрачна партнерка, дека околу 12:30 часот на нејзиното работно место на подрачјето на Гази Баба во Скопје, агресивно се однесувал и ѝ упатил закани, а подоцна во домот на нејзините родители се обидел и физички да ја нападне.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version