Управата за хидрометеоролошки работи попладнево излезе со вонредна информација за брза промена на временските прилики во делови од скопската котлина.
Според најновите набљудувања на синоптичарите, регистриран е развој на нестабилно време во околината на Петровец.
Од УХМР ги соопштија прецизните детали за моменталната состојба на теренот.
„Јужно од Петровец имаме појава на нестабилна облачна маса која е проследена со слаби наместа можно и умерени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи . Нестабилната облачност се движи од исток према запад“, соопштуваат од Управата.
Метеоролозите продолжуваат да ја следат состојбата со облачната маса и нејзиното движење кон останатите делови од котлината.
Граѓаните кои се наоѓаат во овој регион се повикуваат на будност поради можноста од локално засилување на процесите во наредните часови.


