Заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, денеска поднесе неотповиклива оставка од својата функција. Веста ја соопшти самиот преку својот Фејсбук профил, информирајќи дека веќе го доставил писмото до премиерот Христијан Мицкоски.

Алиу во образложението наведува дека одлуката е резултат на негова лична и професионална анализа. Тој потенцира дека во овој период смета дека е најсоодветно да му се посвети на академското поле и на истражувачко-научната работа.

„Оваа оставка е одраз на мојата желба да го продолжам придонесот во академскиот свет, како и мојата посветеност кон семејството“, стои во неговата објава.

Exit mobile version