Осомничениот обвинет за упад и пукање на медиумска гала во Вашингтон на која присуствуваше американскиот претседател Доналд Трамп ќе се соочи со судење во понеделник, 27 април, објави АФП, повикувајќи се на федерален обвинител.
Според информациите, осомничениот, кој влегол во престрелка со припадници на Тајната служба, но не бил застрелан, ќе се појави пред федерален судија во главниот град на САД.
Американската обвинителка Џанин Пиро изјави дека ќе биде обвинет за употреба на огнено оружје за време на насилно кривично дело, како и за напад врз федерален службеник со опасно оружје.
Инцидентот се случил за време на медиумска вечера во Вашингтон, која била прекината откако биле испукани истрели и довело до евакуација на учесниците.


