Секој ден сведочиме дека Венко Филипче е слуга на Зоран Заев. Зошто? Затоа што само бара изговори, бега од теми како реформската агенда, само за да му поминува бизнисот на газда Заев. Наместо поддршка за реформи, за законски измени како оние секој пратеник да има само македонско државјанство, тие обвинуваат. И тоа кој обвинува? Лица кои се дел од СДС чиј самонарачен претседател, а реално слуга на Заев, Филипче дома му е Дубаи и Обединетите Арапски Емирати, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Почитувани, јасно е дека Филипче и неговиот газда Заев, се само пример за лоши политичари со погрешни приоритети.
Токму тие двајца го водеа системот кога СДС беше на власт, а на граѓаните им ветуваа правда, подобар живот, европска иднина. А, на што сведочеа граѓаните? На корупција, криминал, правосуден систем кој функционира по нивни диктат и секако многу лаги од типот почнавме преговори со Брисел, а почетокот не беше ни на повидок. Токму тие кои сега сакаат да зборуваат за патриотизам и државни интереси распродадоа се.
По создавањето на вакви проблеми, тешко е враќањето на вистинскиот пат.
Но, државата сега ја води ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кои се тука за секој еден граѓанин. Ако Филипче продолжи да го следи слепо патот кој му го трасира Заев само ги попречува демократските процеси, а воедно и напредокот на Македонија, додаде Петрушевски.


