Во Скопје денеска ќе биде официјално основана Кинеско-македонската стопанска комора.

На свеченоста се очекува обраќање на претседателот на Кинеско-македонската стопанска комора, Жаолонг Шао, како и на заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски.

Пред присутните ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.

По официјалниот дел ќе се одржи панел-дискусија на тема „Зајакнување на економската соработка и трговската размена меѓу Кина и Македонија: можности, предизвици и идни перспективи“.

Exit mobile version