Османи за ТВ Алсат: Албанците никогаш не биле причина државата да кочи на евроатлантскиот пат, па ниту сега

Албанците никогаш не биле причина државата да кочи на евроатлантскиот пат, па не би сакале ниту сега, вели во интервју за емисијата 360 Степени на Алсат министерот за надворешни работи, Бујар Османи, запрашан за став по најавите од Работната група ангажирана за уставните измени, дека темата за замена на 20% во Уставот не е на дневниот ред .

„Ако успееме да најдеме консензус, би било добро и во интерес на сите, за преименување на 20%. Ако не можеме, не би сакал да бидеме алиби за Мицкоски и компанија, да ја спречи европската иднина на државата. Никогаш Албанците не биле причина оваа држава да кочи на евроатлантскиот пат, не би сакале и во оваа критична точка кога земјата се наоѓа на крстопат“, рече Османи.

26.05.2023 - 22:44
Фото: 
Принтскрин ТВ Алсат

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа