Османи во интервју на „Топ тема“: Скандалот со Онишченко е удар врз нашата репутација

Скандалот со македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко е голема дамка и тежок удар за нашата репутација, што ја градевме во изминатите години, нагласи министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Шефот на дипломатија потенцира дека случајот не смее да се остави настрана, бидејќи земјава може да излезе посилна по него.

Според него, Украина мора да ја добие војната, затоа што е, како што вели, на правата страна и затоа што ги заштитува вредностите на демократскиот свет. Османи потенцираше дека НАТО не е страна во војната, иако ја помага Украина, а земјите членки се едногласни во поддршката за Киев.

Тој смета дека улогата која Македонија ја игра во исполнувањето на таа поддршка не треба да биде занемарена, и покрај негативните коментари кај дел од јавноста, во смисла дека ние сме многу мала земја, која не може да направи некаква разлика.

03.12.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа