Османи утре и задутре во Букурешт на состанок на НАТО - една од темите е војната во Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија.

Во фокусот на разговорите на НАТО Министерскиот состанок, како што соопшти МНР, ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична поддршка од страна на земјите – членки. Воедно, ќе стане збор и за зајакнување на индивидуалната и колективна отпорност на земјите членки наспроти долгорочните предизвици со кои се соочува Алијансата.

– Сојузниците ќе се осврнат и на стратешкото значење на Западен Балкан и Црноморскиот регион за НАТО и во таа насока на потребата од зајакнатата поддршка за земјите партнери изложени во поголем ризик, се вели во соопштението. 

28.11.2022 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа