Османи: Стратешкиот дијалог со САД не е замена туку е комплементарен со процесот на ЕУ-интеграциите, не очекуваме ново вето од Бугарија

Стратешкиот дијалог со САД не е алтернатива, туку е комплементарен на процесот на ЕУ-интеграција. Не очекуваме ново вето од Бугарија, одговори шефот на дипломатијата Бујар Осман на заедничката прес-конфренција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски посветена на увоениот план на активности во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД.

- Точно е дека стратешкиот  дијалог беше инициран од наша страна тогаш кога беше неизвесно дали ќе почнат преговорите. Бидејќи сметавме дека ни треба еден таков процес во којшто ќе се следат сите аспекти од развојот на општеството – антикорупциска политика, владеење на право, тие поглавја коишто ги има во ЕУ. И така почна оваа идеја, кога го нема тој механизам да го имаме овој механизам. За среќа успеавме да ги имаме двата механизми, односно да имаме две раце коишто не туркаат во прогрес и кон ЕУ, така што не е алтернатива, туку е комплементарно на процесот на ЕУ-интеграција. Значи, антикорупциската политика, владеење на правото, сите тие механизми што ги имаат САД, таа поддршка што ќе ја даде на  судството ќе ни помогне побрзо да ги постигнеме критериумите за членство во ЕУ. Така што, буквално се две раце коишто ќе ја држат земјата да биде во континуиран развој. Не предвидувам никакво вето. Патот на Северна Македонија е влезен во неповратна фаза кон членство во ЕУ, нема да биде лесен, ќе има многу предизвици, ќе има многу веројатно вакви ескалации меѓутоа тоа се само амплитуди по патот, правецот нема да биде сменет дефинитивно, рече Османи на новинарско прашање.  

Во однос на впечатокот дека кога односите со Бугарија се на многу ниско повторно се интензивира дијалог со САД, Османи рече дека има континуитет во однос на стратешкиот дијалог, а по дефинирање на темите со овој дијалог, се формираше работна група која заедно со американската администрација создаде конкретни проекти во краткорочни, среднорочни и долгорочни рамки.

-Во моментот кога созреаја условите сите проекти да бидат прифатени од страна на сите институции, да бидат прифатени од американската страна поминаа на Влада и веќе ја информираме јавноста дека навистина влегуваме во едно ново поглавје во односи со САД кога рамката од 2008 за стратешко партнерство преминува во акциски план, станува жив инструмент којшто ќе ги продлабочи односите и сигурно ќе донесе повеќе стабилност, повеќе развој, повеќе економија и културна размена помеѓу нашите две држави, рече Османи. 

07.02.2023 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега