Close Menu
Press24
    Најново

    Го натоварил возилото со мигранти – Македонската полиција го уапси

    24.03.2026 во 09:59

    Средба Муцунски-Минзату: Фокус на соработката во областа на образованието

    24.03.2026 во 09:47

    Хаос во Тел Авив: Иранска ракета со 100 кг експлозив удри во центарот на градот

    24.03.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Го натоварил возилото со мигранти – Македонската полиција го уапси
    • Средба Муцунски-Минзату: Фокус на соработката во областа на образованието
    • Хаос во Тел Авив: Иранска ракета со 100 кг експлозив удри во центарот на градот
    • СДСМ: Се е поскапено – Мерката на Мицкоски без ефект
    • Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени е регистриран на дното на Тихиот Океан
    • Нафтата утрово поскапе по вчерашниот пад
    • Дневен хороскоп: Нови идеи кои ќе го променат правецот кај Овенот, Рибите ќе решаваат приватни прашања
    • ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со убедливо најниски цени на горивата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Османи: Предвремени избори ќе има

    Османи: Предвремени избори ќе има

    09.10.2025 во 16:152 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори е можно одржување предвремени парламентарни избори, потврдувајќи дека според неговите сознанија и проценки, таквите избори ќе се одржат во март или април следната година.

    „Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или април. И ова го кажувам најаргументирано, врз основа на сите разговори и договори што ги има на политичката сцена“, изјави Османи.

    Тој додаде дека изјавата на премиерот само го потврдува она на што ДУИ и другите опозициски политички сили укажувале со месеци, дека сегашната влада е нестабилна и неодржлива.

    „Се разбира дека на премиерот веројатно му требаа дополнителни аргументи, коишто сега ги гледа на терен, во односот на силите и тоа што се случува. Ситуацијата е неодржлива, и затоа веќе почна и тој да го спрема теренот“, рече Османи.

    Тој истакна дека најавените избори ќе бидат можност да се избере нова влада со јасен европски и економски фокус.

    „Јас ви тврдам дека предвремени парламентарни избори ќе има во март–април и ќе има нова влада која ќе го откочи европскиот процес, ќе го врати соживотот и економскиот просперитет на земјава“, рече Османи. 

    Популарно

    Го натоварил возилото со мигранти – Македонската полиција го уапси

    24.03.2026 во 09:59

    Средба Муцунски-Минзату: Фокус на соработката во областа на образованието

    24.03.2026 во 09:47

    Хаос во Тел Авив: Иранска ракета со 100 кг експлозив удри во центарот на градот

    24.03.2026 во 09:45

    СДСМ: Се е поскапено – Мерката на Мицкоски без ефект

    24.03.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.