Османи пред американските студенти: Да го немавме ОБСЕ, ќе требаше да го создадеме
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес предаваше пред студентите на меѓународното право/прашања при американскиот Јејл Универзитет на тема иднината на ОБСЕ.
Преку видео врска претседавачот истакна дека времето во кое живееме, полна со безбедносни предизвици и непредвидливости ја наметнува неопходноста за постоење на организацијата како што е ОБСЕ.
“Сум дел од луѓето што сметаат дека во случај да го немавме ОБСЕ, навистина ќе ни требаше да го создаваме” рече министерот.
Образложувајќи ги предизвиците со кои се соочува Организацијата поради немање консензус меѓу земјите учеснички, Османи истакна дека Северна Македонија преку организирањето на претстојниот Министерски совет се залага да ја врати суштината на Организацијата, а тоа е дијалогот, како предуслов за компромис и консензус.
“ОБСЕ, како и секоја институција, не е цел сама по себе, туку средство и инструмент кој служи за постигнување на целта” заклучи Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа