Османи: Нема да има Влада без договор за ветинг

 

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт Бујар Османи на денешниот митинг пред граѓаните на Дебар ги наброја главните заложби од неговиот Декалог. 

„Ако имав предизвик, како министер за надворешни работи, да ги отворам преговорите со ЕУ по 17 години чекање, верувајте дека како претседател можам да го завршам процесот за членство во ЕУ во следните 5 години, ќе го искористам целиот потенцијал на Европскиот фронт, целото мое знаење, знаењето од процесите што ги водев, моето искуство, моите контакти низ светот за да го завршам овој процес во следните 5 години. И, ви ветувам дека ќе го направам тоа доколку ја добијам вашата ценета поддршка“, рече Османи.

Во однос на партнерството со САД, Османи истакна дека нема поголема штета, поголемо предавство што можете да ѝ направите на земјата од влошување на односите со САД.

Османи вети дека нема да има Влада без целосен договор за ветинг.

„Секој што ќе има претензии, да стане министер, директор, судија или обвинител, прво ќе треба да го добие сертификатот издаден од САД, НАТО, ЕУ... Само така ќе ни се исчисти сцената од руско влијание и корупција, изјави Османи.

15.04.2024 - 22:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега