Османи не видел, Груби молчи за „огнената група“ која им даде на двајцата најслаб рејтинг во Влада

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за ТВ21 тврди дека не ја следел прес-конференцијата што вчера ја одржа неговиот сопартиец Изет Меџити, каде говореше за незадоволството на група од Интегративците кон владата, особено за ниските перформанси на Османи како министер и на Груби како вицепремиер.

Велејќи дека не ја следел, Османи немаше став како портпарол на партијата во врска со вчера кажаното.

-Не ја следев, како партија немам некој коментар“, изјавил Османи за ТВ21. Телевизијата побарала став и од вицепремиерот Артан Груби кој пак не им одговорил.

28.12.2022 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега