Close Menu
    Најново

    (ВИДЕО) Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Се руши дивоградба, сопственикот не го почитувал законот

    18.12.2025 во 09:45

    Претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети затворот „Идризово“

    18.12.2025 во 09:36

    Дневен хороскоп: Бикот ќе активира тема поврзана со пари, Јарецот ќе си ги среди мислите

    18.12.2025 во 09:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • (ВИДЕО) Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Се руши дивоградба, сопственикот не го почитувал законот
    • Претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети затворот „Идризово“
    • Дневен хороскоп: Бикот ќе активира тема поврзана со пари, Јарецот ќе си ги среди мислите
    • Познати причините за смртта на новороденчето на ГАК, се проверува дали имало лекарска грешка
    • Ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
    • Времето денеска променливо облачно, наскоро пресврт
    • Маж ја загрозил сигурноста на својата жена
    • Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Османи најави сет механизми за соживот и рамноправност

    Османи најави сет механизми за соживот и рамноправност

    19.09.2025 во 13:18
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, денес одржа прес-конференција во центарот на општината, каде најави конкретни иницијативи за зајакнување на соживотот и унапредување на мултиетничкото општество, како одговор на сè поопасната реторика што го загрозува духот на Охридскиот договор, се наведува во соопштението на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир. 

    „Денес сме тука, во срцето на Чаир, за да испратиме јасна порака: иднината на нашата општина и на нашата држава нема да се гради врз поделби, туку врз надеж, соживот и еднакви можности за сите“, порача Османи, нагласувајќи дека мултиетничкиот карактер на државата не е слабост, туку најголема сила.
    „Од Охридскиот договор па сè до денес, научивме дека кога народите, заедниците се почитуваат, кога сите се чувствуваат еднакви, тогаш државата оди напред. Кога тој баланс се нарушува, тогаш сите губиме“, рече Османи и додаде дека токму Чаир ќе биде бастион на тој соживот.
    Како конкретен одговор на предизвиците, Османи најави неколку клучни иницијативи кои ќе стартуваат по 19 октомври:
    „Куќата на соживотот“ нов мултикултурен центар каде сите заедници Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Роми ќе ја промовираат својата култура, традиција и вредности. „Чаир ќе стане дом на културниот дијалог и пријателството“, истакна тој.

    Фонд за еднакво претставување како реакција на укинувањето на балансерот, Османи ќе формира буџетски механизам кој ќе обезбеди еднакви шанси за сите млади: „Овој фонд ќе биде гаранција дека правичното претставување не е само збор, туку жива практика.“

    Општински оддел за јазици што ќе го гарантира користењето и развојот на сите јазици, без оглед на процентот на застапеност: „Ќе ја гарантира имплементацијата на јазиците албанскиот, македонскиот, турскиот, бошњачкиот, а природно ќе ги промовираме и елементите на ромскиот јазик.“

    Совет за соживот постојано тело составено од претставници на сите заедници кое ќе ја следи и промовира хармонијата, меѓусебното почитување и толеранцијата.

    „Денот на Охридскиот договор“ Чаир секоја година ќе организира свечености, дебати и младински активности во чест на духот на Охрид, како потсетник дека „еднаквоста и соживотот не се минато тие се темелите на нашата иднина.“

    Во своето обраќање, Османи порача дека изборите не се само за Чаир, туку за општеството што ќе го оставиме зад себе.
    „Овие избори не се само за Чаир. Ова е битка за тоа какво општество ќе им оставиме на нашите деца. Дали тоа ќе биде општество на страв и исклучување, или општество на еднаквост и достоинство?“

    „Ви ветувам: во Чаир нема да има граѓани од втор ред. Нема да има губитници. Сите ќе бидеме победници во едно општество со еднакви можности, меѓусебно почитување и достоинство“, заклучи Османи, најавувајќи дека Чаир ќе стане пример за мултиетничка иднина на Северна Македонија.

    Featured
    Популарно

    УХМР со најнова прогноза: Стабилно до понеделник, од вторник пресврт

    17.12.2025 во 11:44

    Ќе нема струја цел ден – ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    16.12.2025 во 10:50

    Пијан прилепчанец со скоро 2 промили алкохол седнал зад волан – полицијата го уапси

    17.12.2025 во 11:42

    Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

    17.12.2025 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.