Османи-Кривокапиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, во Берлин, оствари средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ.

 

Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Ранко Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцираше одличните традиционални партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство продолжува и во наредниот период.

 

„Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија“ истакна Османи посочувајќи на взаемниот интерес за членството на двете држави во Европската Унија.

 

„Тоа е процес кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедноста архитектура и на Западниот Балкан и на Европа. “, посочи Османи.

 

Разменувајќи мислење за војната во Украина, и последиците кои произлегуваат од неа, двајцата министри ја осудија воената агресија на Русија, потенцирајќи дека во прашање е еклатантна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и сериозна закана за сигурноста на Европа.

 

14.05.2022 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа