Османи ќе се сретне со специјалниот претставник за Бугарија Бучковски
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има средба со новиот специјален претставник на Владата на Република Македонија за Република Бугарија, Владо Бучковски.
По заедничката средба, Османи и специјалниот претставник Бучковски во 14:00 часот ќе дадат изјави за медиумите.
Владата на вчерашната седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија. Бучковски е универзитетски професор и поранешен премиер и министер за одбрана.
02.12.2020 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа