Османи ќе се обрати пред Комитетот на Министри на Советот на Европа во Стразбург
Председавачот со ОБСЕ, министер Бујар Османи, денес допатува во Стразбург, со цел, пред Комитетот на министри на Совет на Европа да ја презентира програмата на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Воедно, претседавачот Османи ќе има средба и со Генералниот секретар на Совет на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ, со која ќе разговараат за заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на воспоставување на стабилноста и безбедноста врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа.
Исто така, Османи ќе се осврне и на главните приоритетите на претседавањето со Северна Македонија, со акцент на воената агресија на Украина, градењето доверба и помирување, антикорупција, како и улогата на младите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа