Османи-Јазбец: И натаму очекуваме силна поддршка од Словенија за европските интеграции

 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во Секретаријатот за европски прашања оствари средба со словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, по повод завршувањето на неговиот мандат.

Османи, како што соопшти СЕП, изрази огромна благодарност за целокупната поддршка и ангажман на амбасадорот Јазбец за време на неговиот мандат, вклучувајќи ја и поддршката која ја обезбеди Словенија за нашата земја за успешно справување со пандемијата предизвикана од Ковид-19.

-Словенија е една од нашите најблиски поддржувачи и сојузници во нашите напори за интеграција во ЕУ и искрено се надевам дека истата ќе продолжи и понатаму особено во втората половина на 2021 година, кога Словенија ќе претседава со Советот на ЕУ во насока на унапредување на пристапните преговори, истакна Османи.

Во оваа прилика тој се заблагодари и за силната и безрезервна поддршка од Словенија за нашето членство во Алијансата, особено што Словенија беше втората држава чие Собрание го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, а изрази и задоволство што токму за време на неговиот мандат нашата земја стана 30 членка на НАТО. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега