Османи ја одложи посетата на Анкара

Поради силните пожари кои денеска се проширија во регионот на Анталија, во Турција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја одложи утрешната официјална посета на Анкара, соопшти Министерството за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи, стои во соопштението, со жалост ја следи ситуацијата со пожарите на територијата на пријателска Турција, со подршка за тековната масовна противпожарна акција, што поскоро да успее да ја стави под контрола состојбата.

28.07.2021 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа