Османи: Имам повеќе информации за нападот во Бањска во Косово и затоа ќе побарам излегување од Отворен Балкан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска најави дека на затворена седница на Владата ќе побара Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан, затоа што во меѓувреме добил повеќе информации за нападот во Бањска, Косово.

– Оваа иницијатива потек за првпат наша делегација ја слушна од премиерот на Албанија Еди Рама. Тоа е иницијална идеја на Албанија, поддржана од САД, со две цели – помирување за да се создават предуслови за затворање на косовско-српскиот спор и меѓусебно признавање и либертализација на пазарот, затоа што камионите 80 отсто од времето го трошеа на нашите граници. Тоа беа благородни цели во кои учествувавме, но јас секогаш сум велел дека ова е иницијатива во обид. Додека не учествуваат сите шест земји, тоа е обид. Кога се случи нападот на Бањскаа во Косово имав изјава дека ова е спротивно на идејата за помирување и реков ако има директна вмешаност на Белград во Бањска треба да се преиспита учеството во Отворен Балкан бидејќи ги крши столбовите на идејата. Бидејќи сега имам повеќе информации што се случило во Бањска, планирам на затворена седница да ја информирам Владата, а Владата ќе одлучи како понатаму – рече министерот Османи.

Тој додаде дека после инцидентото во Бањска не учествувал на ниту еден состанок од иницијативата.

17.04.2024 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега