Османи го нападна Борел за пристрасност во дијалогот со Србија

 

 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го обвини шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, за пристрасност во дијалогот меѓу Белград и Приштина, а во исто време објави список со наводните 15 точки од бриселскиот договор, што, како што тврди таа, Белград не го исполнил.

Османи на Фејсбук оцени дека Борел „на Србија би требало да и спомене барем дел од овие прекршувања на бриселските договори, наместо да го обвинува Косово“, доколку, како што наведе таа, ги почитувал основните принципи на неутралност.

„Првото правило на секој процес на медијација е непристрасност. Она што го видовме од Борел е дека тој беше јасно пристрасен, прифаќајќи го агресорот и презентирајќи целосно искривена слика за реалноста“, изјави Османи, пренесува Танјуг.

22.11.2022 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега