Османи: Фер избори и брзото формирање институции ќе влијаат на динамиката на преговорите

 

На динамиката на преговорите со ЕУ ќе влијае спроведувањето фер и конкурентни избори на 15 јули и формирањето на политичките институции веднаш по изборите и консензусот со цел почетокот на преговорите да не најде подготвени, изјави вицепремиерот Бујар Османи денеска на прес – конференција пред Секретаријатот за европски прашања.

-Кога јас излегов со барање до претседателот Пендаровски за свикување лидерска средба за консензус се уште имаше време за тоа. Сега на две недели пред изборите треба да се чекаат резултатите од изборите и веднаш потоа да се свика лидерска средба. Јас мислам дека на динамиката на преговорите ќе влијаат две работи. Прво овие 15 дена нашата политичка демократска зрелост да организираме фер, конкурентни избори и второ дали веднаш на 16-ти прв приоритет ќе ни биде формирањето на политичките институции и консензусот со цел да не најде подготвени почетокот на преговорите. Тоа е многу важно бидејќи секој ден губење после изборите во формирањето на политичките институции ќе влијае на динамиката на започнување на преговорите бидејќи роковите се такви, рече Османи на новинарско прашање дали одложувањето на формирањето на влада после изборите  може да влијае на овој процес и зошто не беше свикана лидерска средба.

Околу законот за заштита и спречување на дискриминацијата кој беше поништен и дали ќе биде прв на агендата на новото собрание, Османи рече дека ова прашањето било покренато неодамна на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ од страна на холандскиот амбасадор и посочи дека постои волја за тоа.

-Нема дилема во политичката волја, за тој закон туку беше техничко прашање кое го сруши законот и че биде едно од првите решенија пред новиот парламент, посочи вицепремиерот Османи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега