Османи: Другарите ми се смеат - ама јас ако не земам плата еден месец, ќе треба да се задолжам
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, во изјава за Плусинфо вели дека ако само еден месец не добие плата, тогаш ќе мора да се задолжува за да преживее. За себе кажа дека не може да биде обвинет за корупција.
„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“, рече Османи и додаде:
„Мене може да ме обвините за се, ама не за корупција. Сфатив дека корупцијата е врзана со карактерот“, изјави Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа