Османи до ВМРО: И Заев викаше дека ќе не носи во опозиција - додека е Ахмети на Абланците нема влакно да им фали

 

Министерот за надворешни работи не е загрижен од најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е надвор од сите комбинации за идната Влада и дека е време интегративците да одат во опозиција.
Османи денеска рече дека така зборувал и Заев пред последните избори но на крајот пак направил коалиција со ДУИ. Според него, тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги исфрла од игра за новата Влада, претставува поттикнување на етничка нетрпеливост.
„Навистина овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи за добивање на политички поени е премногу ризичен за една мултиетничка демократија како што е Северна Македонија. На ВМРО можам само да им кажам додека е ДУИ и додека е Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно, така да, сите тие закани се безвредни“ – рече Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.
Веднаш потоа доби прашање за национлистичките пораки на стадионот во Чаир но рече дека не знае ништо за нив, додавајќи дека секое поттикнување на нетолеранција е спротивно на законот.
Инаку, реакцијата на Османи доаѓа по вчерашната изјава на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски дека по победата на следните избори најголемата опозициска партија нема да направи коалиција со ДУИ и дека криминалот во Мала Речица ја исфрлил оваа партија од сите комбинации на новата Влада.

06.11.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега