Османи бил понуден да оди „курбан“ за да се смират проблемите во ДУИ

Дел од незадоволното членство на ДУИ обвини дека Артан Груби е виновен за тоа што партијата губи гласови на изборите, а ова предизвика дополнителни поделби во партијата, објавија од „ТВ21“.

Наводно предлогот бил оставка на Бујар Османи, наведуваат од „ТВ21“, а понудата била испратена преку посредник, односно министер во Владата.

Понудата, сепак, била одбиена од т.н. Огнена група чии членови навеле дека проблемот е Груби и дел од другите министри, а не е само Османи.

Групата на незадоволни членови ја предводат Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висат Ганиу и други видни партиски личности, пишува „Тв21“.

26.09.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега