Османи: Ако уставните измени се остават после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за нив
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во емисијата „24 анализа“ зборуваше и за уставните измени кои кажа дека мора да се случат што е можно побрзо.
Османи кажа дека не треба да се остават уставните избори по избори, зашто во тој случај изборите ќе бидат само референдум за нив.
– Во однос на уставните измени, моментумот е сега и веднаш по скринингот треба да се отвори првото поглавје, а помеѓу тоа, требаат уставните измени. Сите што ја знаат проблематиката на ЕУ знаат дека мора да се реагира. Не смееме да создадеме временски геп. Ако уставните измени се остават после изборите, тогаш изборите ќе бидат само реферндум за уставните измени, рече Османи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа