Орхан Куртиши e нов директор на АД Пошта

Орхан Куртиши е назначен за нов генерален директор на АД Пошта.

Куртиши на директорското место во Пошта доаѓа како шеф на огранокот на партијата Алтернатива во Куманово.

„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата ВЛЕН“ – објави Куртиши.

Toj на раководната позиција доаѓа на местото на Идри Истрефи.

16.08.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега