Close Menu
    Најново

    Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?

    25.09.2025 во 23:42

    Се породи Ријана

    25.09.2025 во 23:24

    Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан

    25.09.2025 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?
    • Се породи Ријана
    • Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан
    • Нов подметнат пожар вечерва близу Арачиново – гасењето ќе биде сложено
    • Николоски: Ахмети кажува приказни од 19. век, не може да се пофали со ништо
    • Николоски за предлог резолуцијата: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат
    • Легендарниот актер од „Ѕвездени патеки“, итно хоспитализиран
    • Трамп побара од Ердоган да престане да купува руска нафта
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметноурбано Скопје

    Орце Ѓорѓиевски: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметноурбано Скопје

    25.09.2025 во 10:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа
    со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните
    размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје. Интервјуата се
    дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин
    анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз,
    урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.
    Второто интервју е на Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

    ПРЕС 24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за
    ова? Што му треба на Скопје? Метро, трамвај, автобуски јавен превоз?


    ЃОРЃИЕВСКИ: Јавниот превоз во Скопје мора да се издигне на нивото на модерен систем, како во
    големите метрополи. Да биде ефикасен, интегриран и достапен за сите. Мојот пристап е
    практичен, бидејќи нуди воспоставување на поврзан систем кој ќе ги обедини градските и
    приватните автобуси, брзите автобуски линии, градскиот воз во соработка со Владата, односно
    Министерството за транспорт и врски, велосипедските мрежи и пешачките коридори во една
    дигитално координирана платформа. Со тоа Скопје ќе добие превоз по европски стандарди,
    точен, брз, еколошки и достапен за секој граѓанин.
    Клучен дел од оваа трансформација е целосната обнова на возниот парк, новите сообраќајни
    решенија и удвојувањето на бројот на велоспиедските патеки, што ќе ја намали зависноста од
    автомобилите, ќе го растовари метежот на улиците и ќе ја претвори нашата метропола во
    поуреден, поеколошки и поквалитетен град за живеење.



    ПРЕС 24: Каков е Вашиот план, што може да се очекува како решение и до кој обем во мандат од 4 години?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Нашиот град има огромен потенцијал да стане вистински модерен европски град –
    со едноставни, практични и паметни решенија кои им служат на граѓаните. Работата ќе започне од
    првиот ден на мандатот, затоа што состојбата во која се наоѓа Скопје бара брзи, но и одржливи
    решенија кои ќе останат и после мене. Промената многу брзо ќе се почувствува, затоа што уште
    сега размислуваме за сообраќајни модели и практики по примерот на големите развиени градови
    низ светот. Она што би сакал да го издвојам покрај гореспоменатите проекти во однос на возилата
    и возниот ред, е проектот „SKOPJE CITY GO“, унифицирана паметна картичка која ќе ги обедини
    сите услуги што ги нуди градот, јавните претпријатија и јавните установи. Наместо десетици
    различни карти, апликации и плаќања, граѓаните ќе имаат една практична дигитална алатка со
    која ќе можат да користат јавен превоз, да плаќаат паркинг, да посетуваат музеи, кина, театри,
    зоолошка градина или да се возат со жичарата на Водно. Оваа картичка не е само проект, туку и
    модел што покажува на кој начин ќе работиме, создавајќи град кој нуди практичност, еднакви можности и хумана грижа за сите свои жители. Скопјани можат да очекуваат вакви и слични
    проекти.

    ПРЕС 24: Втора клучна точка е сообраќајот во главниот град. Имате ли план за проширување, намалување, или пак за реорганизација на сообраќајници и булевари?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Сообраќајот ќе го решаваме системски, а не парцијално. Клучна насока ќе биде
    растеретување на метежот преку довршување на започнатите булевари и изградба на нови,
    пробивање на улици, изградба на нови кружни текови, мостови и катни гаражи кои се дел од
    решенијата за сообраќајот во мирување. Овие мерки ќе ја зголемат проточноста и ќе создадат
    нова динамика во движењето низ градот. Важен елемент е и паметното управување, преку
    воведување функционален зелен бран, дигитален мониторинг и интелигентни сообраќајни
    решенија.

    ПРЕС 24: Што со централното градско подрачје? Дали би поддржале и реализирале идеја за наплата за транзит низ Малиот Ринг со автомобили, по примерот на други метрополи?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Мојот план не предвидува наплата, туку постепено намалување на сообраќајот во центарот, се до негово потполно згаснување. Како пилот-проект, ќе воведеме викенди без
    автомобили во “Малиот Ринг”, за да му го вратиме просторот на граѓаните и да ја намалиме
    загаденоста. Целта е во иднина центарот да стане зона со “нула автомобили”, како што е случај во
    современите европски метрополи, на пример, во Љубљана.


    ПРЕС 24: Дали на Скопје му требаат нови паркинг простори и каде?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Да, на Скопје му требаат многу нови паркинзи, и тоа насекаде каде што има простор
    и можност за нив. И кон ова прашање пристапуваме подготвени, со веќе изработена анализа и
    конкретен план за изградба на седум монтажни и катни гаражи, како и дополнителни паркинг
    места на многу маалски локации. Секој запуштен простор може да се трансформира во
    функционален паркинг, што е модел што успешно го применивме во Кисела Вода и кој ќе го
    примениме и во Скопје. Со овие мерки ќе се намали метежот, ќе се овозможи ефикасна
    мобилност и паркинзите ќе станат дел од системско и паметно решение за сообраќајот во
    мирување.

    ПРЕС 24: Трет сериозен проблем во градот е чистотата. Кој е вашиот план за почисто Скопје?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Во моментов, хигиената е можеби најсериозниот проблем со кој се соочува Скопје.
    Тоа е здравствен, еколошки и естетски предизвик за главниот град. Современиот град не може да
    биде здрав, жив и отпорен без темелна грижа за животната средина и биодиверзитетот и затоа
    нашите активности ќе бидат конкретни и меѓусебно поврзани. „Генералка на Скопје“ ќе биде
    симболичен и практичен старт на мојот мандат, со масовна акција за чистење во првите 72 часа,
    која ќе ја мобилизира целата заедница и ќе ја врати свеста за важноста на јавниот простор. Потоа
    следува четиригодишната програма „Град без депонии“ која целосно го менува начинот на
    управување со отпадот. За сево ова, граѓаните детално ќе бидат запознаени и сум сигурен дека
    заедно ќе успееме во целта- Скопје да стане град каде што животната средина е секојдневна
    обврска и заедничка грижа на сите граѓани.

    ПРЕС 24: Дали Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да се трансформираат во општински претпријатија, или да останат централизирано градско претпријатие?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Мојот пристап е темелна реформа на сите јавни претпријатија, без разлика на
    нивната форма. Со години овие институции создаваат загуби и не нудат квалитетна услуга. Ќе
    ангажираме европски експерти за анализа, ќе се направи оптимизација на ресурси и нови модели
    на управување. Каде што е потребно ќе има и статусни промени. Клучното е: граѓаните да добијат
    ефикасна и современа услуга, без изговори и импровизации.

    ПРЕС 24: Урбанизацијата на Скопје. Каква е Вашата политика за развојот на градот?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Искуството од Општина Кисела Вода е најдобрата потврда дека континуитетот во квалитетната работа носи промени кои се чувствуваат секој ден. Како градоначалник таму, ја имав можноста да покажам дека ништо не е невозможно доколку се работи чесно, одговорно и со јасна цел. Наместо да се градат 99 згради, за првпат по 1964 година, организиравме меѓународен
    конкурс за идејно решение за ДУП Расадник, што беше пример како квалитетно планирање и
    соработка со меѓународна експертска јавност може да донесе урбана трансформација.
    Токму тој континуитет сакам да го понудам и на Скопје. Континуитет во смисла на надградување
    на она што е добро и создавање нови вредности за генерациите што доаѓаат. Скопје заслужува
    лидерство со енергија и решителност, но и со знаење и искуство. Градоначалник кој ќе умее да ја
    спои долгорочната визија со конкретното секојдневие на граѓаните.
    Програмата што ќе ја понудам, „Визија 2025–2045“, претставува долгорочна стратегија за развој на
    градот, која не се мери само во мандати, туку во генерации. Иако мандатот е четиригодишен,
    потребно е од првиот ден да се постават темелите за решенија кои ќе бидат одржливи и
    надминуваат краткорочни периоди. Визијата за 20 години овозможува секој проект и иницијатива
    во четиригодишната програма да биде дел од интегриран, долгорочен план, со јасни цели и
    континуитет, така што промените ќе се почувствуваат веднаш, но ќе останат трајни. Таа визија е
    структуирана врз седум столбови: современо и паметно урбано Скопје, здравата животна средина
    и биодиверзитетот, целосна комунална и сообраќајна обнова, културниот идентитет, дигиталната
    трансформација, поддршката за младите и науката, како и јавната грижа и безбедноста.
    За да се постави темелот на оваа трансформација, ќе се формира Меѓународен борд на
    консултанти, по примерот од постземјотресно Скопје, кога во 1964 година, таков борд беше
    воспоставен од страна на ООН, а Кензо Танге ја доби првата награда и го постави урбанистичкиот
    правец на модерниот град. Дополнително, ќе се формираат Меѓународни работни групи од
    светски признати истражувачи и експерти, кои заедно со македонската експертска јавнојст која е
    дел од мојот тим, ќе ја подготват Стратегијата за одржлив урбан развој за периодот 2025–2045.
    Јавни конкурси и граѓански форуми ќе овозможат вклученост на локалната експертиза и учество
    на граѓаните во анализа на постоечката состојба и дефинирање на новиот ГУП на Скопје.
    Со оваа визија, Скопје ќе дише преку своите зелени коридори, ќе се движи со интегриран и
    еколошки транспорт, ќе добие современа инфраструктура и јавни простори кои повторно ќе им
    припаѓаат на луѓето. Ќе стане културна престолнина што ја чува меморијата, ќе инспирира нови
    генерации, но ќе прерасне и во дигитален и паметен град, отворен за иновации и технологии, а
    истовремено хуман и грижлив кон сите свои граѓани.

    Ова не е само список на проекти, туку визија и модел на живеење. Град кој ќе стане пример за
    паметен и одржлив развој во регионот, кој ги обединува луѓето, создава сигурност, надеж и
    гордост, и кој обезбедува темели за генерациите што доаѓаат.

    ПРЕС 24: Во кој правец треба да се шири Скопје?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Проширувањето на Скопје ќе се води директно од долгорочната „Визија 2025–2045“.
    Новиот ГУП нема да биде изолиран документ, туку ќе произлезе од оваа визија, од сите анализи,
    експертски препораки и јавни консултации кои се дел од долгорочната стратегија. На овој начин,
    секое проширување ќе биде современо, интегрирано и одржливо, со јасни правила за транспорт,
    зелени површини, јавни простори и инфраструктура. Скопје ќе расте на начин кој ја подобрува
    функционалноста и естетиката на градот, обезбедувајќи квалитетен живот за сегашните и идните
    генерации.

    ПРЕС 24: Управувањето со отпад. Градот, државата (владата), или приватен инвеститор е решение за Дрисла?

    ЃОРЃИЕВСКИ: “Дрисла” мора да стане современ и европски центар за третман на отпадот. Клучно е одговорно, професионално и транспарентно управување со објектот, со цел да се обезбеди здравје, безбедност и квалитетен живот за сите граѓани на Скопје. Ова значи воспоставување системи за ефикасно собирање, селекција и третман на отпадот, 24-часовен надзор и контрола, како и соработка со стручни тимови кои ќе обезбедат одржливост и иновации во управувањето со ресурсите. Иако можат да се разгледуваат различни опции за управувањето, суштината е дека раководството на “Дрисла” мора да се води од принципите на одговорност, транспарентност и професионалност, со цел ова претпријатие да стане модел за современо и еколошко управување со отпадот во регионот.

    ПРЕС 24: Имате ли идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улица?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Целта ни е Скопје да стане град со нула отпад на улица, со системски, одржлив и технолошки модерен пристап. Огромните и запуштени депонии, како што е Вардариште, ќе бидат трансформирани во големи јавни паркови и зелени површини, но пред тоа темелно ќе се
    исчистат, ќе се изврши третман на теренот кој ќе обезбеди природна, здрава почва, на која ќе се
    постават стандарди за еколошка безбедност. Преку четиригодишен план за управување со отпад,
    што подразбира итно чистење на мини и диви депонии, изградба на функционална
    инфраструктура, воведување на дигитални платформи за пријави и мониторинг, селекција и
    рециклирање, едукација на граѓаните и воведување на технологија и регулатива, ќе создадеме
    систем што ќе овозможи ефикасна услуга. Со ова, секој запуштен простор ќе се претвори во
    корисна јавна површина, а управувањето со отпад ќе се интегрира со зелениот и урбаниот развој,
    што ќе го приближи Скопје кон европските стандарди за циркуларна економија и чиста урбана
    средина. Овој пристап гарантира дека градот не само што ќе биде чист денес, туку ќе има одржлив модел што ќе остане функционален и во иднина.

    ПРЕС 24: Постоечката локална организација. Дали треба да се менува и во кој контекст? Начин на финансирање, начин на избор на претставници, територијално? Поголема централизација, или поголема децентрализација?

    ЃОРЃИЕВСКИ: Децентрализацијата е клучна за ефикасно управување и за градење отворена и
    одговорна администрација која ги става граѓаните на прво место. Соработката меѓу локалната и
    централната власт, пак, е неопходна за координирани политики и успешна реализација на
    проекти кои директно ги подобруваат животните услови на граѓаните. Во таа насока, мојот план е во Скопје да отвориме подрачни канцеларии во сите општини, со цел да ја приближиме градската администрација до граѓаните. Наместо да патуваат до центарот за секоја услуга, граѓаните да можат локално да ги решаваат своите обврски поврзани со даноци, такси, урбанизам, градење, јавни претпријатија и установи. Овие канцеларии ќе бидат дигитално поврзани со централниот систем, со обучен кадар и јасни процедури, за да обезбедат брза, фер и транспарентна услуга.
    Овој модел на децентрализација ја олеснува секојдневната комуникација меѓу граѓаните и градот,
    но и ја зголемува отчетноста на институциите. Ќе изградиме функционална мрежа на локални
    пунктови каде што секој граѓанин ќе може лесно и навремено да добие информација, услуга или
    поддршка.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?

    25.09.2025 во 23:42

    Се породи Ријана

    25.09.2025 во 23:24

    Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан

    25.09.2025 во 22:54

    Нов подметнат пожар вечерва близу Арачиново – гасењето ќе биде сложено

    25.09.2025 во 22:47
    последни вести
    Забава

    Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?

    25.09.2025 во 23:42
    Забава

    Се породи Ријана

    25.09.2025 во 23:24
    Македонија

    Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан

    25.09.2025 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.