Close Menu
Press24
    Најново

    Паднаа глобалните берзи

    15.03.2026 во 10:46

    Сообраќај непречен на сите државни патишта, апел за внимателност

    15.03.2026 во 10:36

    Сончево со умерена облачност денеска, од утре заладување и дожд

    15.03.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднаа глобалните берзи
    • Сообраќај непречен на сите државни патишта, апел за внимателност
    • Сончево со умерена облачност денеска, од утре заладување и дожд
    • Засилени полициски контроли: Апсења за дрога во Скопје, Охрид и Радовиш
    • Пензиониран полицаец со лажна легитимација приведен во Скопје
    • Серија брутални тепачки меѓу врсници низ училиштата во државата
    • Работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
    • Трагедија во Скопје: 18-годишен мотоциклист загина во верижен судир
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орбан во божиќното интервју: ЕУ се распаѓа – се движи кон војна

    Орбан во божиќното интервју: ЕУ се распаѓа – се движи кон војна

    24.12.2025 во 21:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ истакна дека а не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа.

    – Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан.

    Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се приближува кон војна.

    – Минатата недела во Брисел успеавме само да го забавиме темпото со кое Европа се движи кон војна. Некои сакаа да го забрзаат овој процес до хипербрзина, а ние успеавме да го блокираме тоа. Но, ние не го запревме самиот процес, само го спречивме неговото забрзување, наведе Орбан.

    Според него, Европа е повторно поделена.

    – Во Европа денес повторно има два табора: воениот табор и мировниот табор. Во моментов, преовладуваат силите што се залагаат за војна. Брисел сака војна. Унгарија сака мир, повтори Орбан.

    Според него, не било неизбежно вклучувањето на Европа во војната во Украина.

    – Во февруари 2022 година, Европа можеше да испрати мировна мисија во Москва и Киев, а не да го прогласи овој конфликт за своја војна. Да се случеше тоа, денес немаше да живееме во сенка на војна, посочи унгарскиот премиер.

    Орбан повторно го критикуваше начинот на одлучување во Европската Унија.

    – ЕУ денес е во состојба на распаѓање. Сведоци сме на процес на распаѓање што се одвива паралелно со зајакнувањето на империјалните амбиции на бриселската бирократија, истакна Орбан.

    Тој како пример ја наведе зелената транзиција.

    – Програмата беше објавена против волјата на земјите-членки и сериозно ја оштети европската индустрија, особено хемиската индустрија и производството на автомобили … Кога стана јасно дека тоа е неизведливо, тие се повлекоа“, нагласи тој, додавајќи дека истото се случува и со мигрантската политика.

    Орбан предупреди дека без длабоки промени темелни реформи, ќе следи неповратен процес односно распаѓањето ќе стигне до точка од која нема враќање.

    Тој повтори дека Унгарија е против членството на Украина во ЕУ.

    – Денес се зборува дека воената сила на Украина ја зголемува безбедноста на Европа, но тоа не е вистина. Одржувањето на Украина ги исцрпува енергијата и ресурсите на Европа. Со Украина, ние стануваме послаби секој ден, потенцира Орбан.

    Тој додаде дека страда и унгарската економија поради војната и слабеењето на ЕУ. Според него политиката на санкции на ЕУ ја уби европската индустрија.

    Орбан упати и порака до Унгарците додека западниот свет е во превирање.

    – Сакај го ближниот свој како себеси. Сега се фокусирам на второто – сакај се себеси. Тоа не значи самозадоволство, туку почитување на сопствените достигнувања. Правилната самосвест носи самопочит, а самопочитувањето овозможува препознавање на успехот на другите – тоа е љубовта кон ближниот. Не гледам друг начин што може да ги доведе Унгарците кон мир, истакна Орбан на крајот од интервјуто за „Маџар Немзет“.

    Популарно

    Утре седум часа ќе нема струја – ЕВН најави исклучувања кај голем број корисници

    13.03.2026 во 12:28

    Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман: Жена тешко повредена по судир со камион

    13.03.2026 во 12:18

    Дневен хороскоп: Пресврт кај Овенот, се отвораат нови врати за Шкорпијата

    12.03.2026 во 09:05

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.