Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија нема да ја напушти Европската Унија, но оцени дека Унијата „ќе се распадне сама од себе“ поради, како што рече, хаосот во нејзиното раководство. Изјавата беше дадена на меѓународна прес-конференција одржана во понеделникот.
Орбан ја отфрли можноста за излез на Унгарија од ЕУ, нагласувајќи дека земјата е премала за таков чекор, но истакна дека иднината на Унгарија ја гледа во рамките на Европската Унија и НАТО, со „суверена надворешна и економска политика“.
„Членството во ЕУ е важна можност, но ако сме врзани само за еден блок, ќе го испиеме целиот сок. Разумно е да имаме најдобри можни односи со сите блокови – со Америка, Русија, Кина, арапскиот свет и турскиот свет“,
изјави Орбан.

