Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, тој изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испратила вонредно писмо до земјите-членки, барајќи дополнителни  средства „за финансирање на Украина“.

„Ќе имаме што да кажеме и за тоа“, рече Орбан.

Во прилог на објавата е фотографија од Орбан во консултација со шефот на кабинетот на премиерот Гергел Гуљас, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, министерот за национална економија Мартон Наѓ, политичкиот советник Балаш Орбан и државниот секретар задолжен за програмското биро на премиерот Јан Матео.

Exit mobile version