Општина Тетово испрати барање до Владата да помогне со чистење на изгорениот магацин

Општина Тетово преку соопштение ја извести јавноста за донесените заклучоци од Кризниот штаб на општината.
 
„На 31.05.2022 година (вторник) со почеток во 15:00 часот се одржа состанок на Кризниот штаб на општина Тетово во врска со состојбите настанати по поплавите и пожарот кој го зафати магацинот за изолациони материјали во Тетово. Разговаравме за потребата од преземање конкретни чекори.
Кризниот штаб на општина Тетово по детално разгледување на моменталната состојба ги донесе следните заклучоци:
1. Да се распореди стражарска екипа од ТППЕ и СВР Тетово за обезбедување, како и Брза помош на местото кое беше зафатено со пожар во следните 24 часа;
2. Да се ангажира Општинскиот инспекторат Тетово да подготви извештај за сите индустриски капацитети, во која категорија припаѓаат (какви елаборати поседуваат) и каде го одлагаат индустрискиот отпад; Во меѓувреме, сопствениците по завршување на правното вештачење во најкраток можен рок да го санираат отпадот од пожарот врз основа на еколошки стандарди.
3. Од искуствата што ги имавме последните денови, односно општина Тетово од неделата (29 мај) до денеска (31 мај) ги стави во функција сите ресурси и човечки и материјални за санирање на состојбите од поплави и пожари, затоа бараме проширување на капацитетот на ТППЕ и по бројот на вработени, како и со потребните средства што ги има, бидејќи тие се недоволни за покривање на територијата на 5-те околни општини, затоа бараме согласност се дава да се зголеми бројот на вработени во ТППЕ како и Владата да ги снабди ТППЕ со потребните средства, со цел во вакви случаи тие да бидат поефикасни и попродуктивни. Исто така бараме да се ангажираат и други работници, но да се донесат и соодветни возила за во случај на други непогоди да немаме проблеми во интервенцијата и да спречиме поголеми трагедии.
4. Владата да помогне за парично обештетување по проценка на штетите предизвикани на физички лица како и на училишни згради и јавна инфраструктура од лошото време што го зафати тетовскиот регион.
5. Барање до Министерството за животна средина и просторно планирање да провери и да утврди дали е функционален апаратот за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово - директен пристап до тековните податоци за квалитетот на воздухот, во спротивно носење на мобилен уред за оваа намена.
6. Барање до Владата на Северна Македонија да помогне со механизација за чистење (миење) на патишта како и средства за дезинфекција на истите и на објектите оштетени од поплавите во Тетово.
Барањата кои произлегуваат како резултат на Заклучоците од состанокот на Кризниот штаб, во текот на наредниот ден, општина Тетово ќе ги упати до Владата, со цел што поскоро да се преземат мерки“, соопшти општина Тетово.
31.05.2022 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега