ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија.
Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С. Македонија, што според закон биле обврзани да го направат.
- Георгина се спакува и го напушти семејниот дом
- Дарко Лазиќ: Изгубив половина од моето срце
- ДУИ: Итна оставка од Костадиновски
- ФФМ ја казни Шкендија со 5.000 евра
- Тренчевска: Цените растат, власта не го штити животниот стандард на граѓаните
- Дарко се онесвестил кога дознал за смртта на братот, неколку часа претходно заедно пиеле кафе
- Пренџов: Целта на работната група за Изборниот законик е да се дојде до подобар и поквалитетен изборен процес
- Бебе пингвин во ЗОО Скопје: нова надеж од Хумболт видот

