Општина Струга го продаде фамозното службено ауди кое го купи поранешниот градоначалник, Рамиз Мерко. 22.000 евра, колку што општината успеала да добие за автомобилот ќе бидат искористени за намалување на долговите на општината.

Локалната самоуправа наведува дека станува збор за возило кое, според нив, било симбол на прекумерниот луксуз на претходното општинско раководство. 

„Возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација“, соопштија од Општината.

Сепак, засега не се соопштени детали за купувачот на возилото, ниту за проценетата вредност на „ауди А6-ката“ на Мерко.

Exit mobile version