Општина Ресен денеска објави повик до сите граѓани кои претрпеа материјални штети во минатомесечните поплави, да поднесат барање за обесштетување. Рокот за пријавување е до 26 декември.

Се повикуваат домаќинствата кај кои настрадале објекти, предмети и добра, да се упатат во просториите на локалната самоуправа каде можат да го подигнат образецот за пријавување.

„Секој барател има обврска да достави придружна документација поврзана со имотот, видот на објектите и добрата во домаќинството“, појаснуваат од општината.

Оваа мерка следува по големото невреме кое го зафати регионот, при што надојдените води навлегоа во домовите на локалното население.

Exit mobile version