Општина Гостивар со бројни активности за „Денот на екологијата“

Општина Гостивар и оваа година продолжи со традицијата да организира активности за одбележување на 21 Март - Денот на екологијата, каде во центарот на вниманието беа основците и средношколците.

Првата активност за одбележување на „Денот на екологијата“ започна со дечињата од градинките кои ги претставија своите дела со рециклирани материјали, каде што присуствуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

Во ОСУ „Гостивар“ беше презентиран документарен филм за заштита на животната средина и штетите од аерозагадувањето, подготвен од учениците и наставниците од ова училиште, додека во ОУ „Единство“ учениците имаа организирано активности за заштита на животната средина, додека градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари заедно со учениците засадија цвеќиња во училишниот двор.

Активности iимаше и во средното техничко училиште „Гостивар“ каде ученици од повеќе училишта организираа ревии и проекти со обновливи материјали.

Целта на одбележувањето на овој ден со активности има за цел да ја подигне свеста на граѓаните од сите возрасни групи со цел заштита на животната средина и природата како и подигање на нивото на одржување на чистотата.

21.03.2023 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега