Општина Гази Баба денеска ги додели решенијата за субвенции за набавка на инвертер клима уреди на граѓаните кои остварија право на оваа мерка.

Од локалната самоуправа соопштија дека станува збор за конкретна финансиска поддршка за домаќинствата која овозможува поекономично користење на електричната енергија.

„Инвертер клима уредите не се само инвестиција во удобноста на домот, туку и во енергетската ефикасност, поефикасното греење и ладење и намалувањето на трошоците за електрична енергија. Особено нè радува што преку ваквите програми можеме директно да им помогнеме на семејствата и да покажеме дека институциите се тука за граѓаните“, нагласија од Општината.

Оттаму порачаа дека во период кога енергетската ефикасност станува сè поважна, вложувањето во современи и економични решенија е вложување во подобар стандард и посигурна иднина.

Од Општина Гази Баба воедно им честитаа на сите жители кои ги добија решенијата за субвенционирање.

Exit mobile version