Венко Филипче и неговото СДСМ координирано од Зоран Заев и во врска со идејата за дата центри или центри за податоци во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата и за нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на дата центри во Македонија. Едноставно кажано, Филипче и за оваа тема почна да шири невистини, паника или хистерија во јавноста. Наводно дата-центрите биле закана за водните ресурси во државава, ќе имало енормна потрошувачка на струја, како да не слушнал за обновливи извори на струја и слично. И овој пат очигледно Филипче стана нервозен и застана контра дата центрите, веројатно затоа што не помина иницијативата во Пехчево на нивниот човек, негов и на Заев, инаку поранешен пратеник од СДСМ – рече Лефко

Филипче може да биде мирен кога станува збор за државата и ресурсите во Македонија, додаде тој.

– Надлежните деновиве јасно кажаа дека се прави сè за Македонија да биде модерна, богата современа држава, а притоа да не се наруши ниту околината ниту животот на граѓаните – порача пратеникот Лефков.

Exit mobile version