Општина Дебар предупреди дека ќе се зголемува бројот на новозаразени со Ковид-19

 Секојдневно во Општата болница во Дебар се јавуват лица со сомнителни знаци и со симптоми на Ковид-19, кои после тестирањето се потврдува дека се позитивни. Последиците од Ковид-19 ќе се зголемуваат со застрашувачки тренд, предупредуваат од општината на нивната ФБ страница.

Посочуваат дека сето тоа е последица на непобитниот факт дека повеќето граѓани не се внимателни и не се придржуваат кон индивидуалните заштитни мерки (маски, дистанца, дезинфекција), особено во затворени простории. Во исто време од општината апелираат строго да се почитуваат мерките и препораките на надлежните.

– Граѓани на општина Дебар внимавајте на себе и вашите семејства, вирусот е опасен, тој не е видлив со голо око, но сериозно влијае на нашето здравје. Заштитата од Ковид-19, е во нашите раце, стои во апелот на општина Дебар.

Во Дебар со денеска потврдениот еден нов случај, вкупната бројка се зголеми на 103 лица. Битката со опасниот непријател ја добиле 48, ја изгубиле четворица, додека активни на болеста е 51 лице, од кои седум се хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега