Општина Аеродром го проширува опфатот на „Зонското паркирање“

 

 

По барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот, по надминување на административните пречки, вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината.

„Првата фаза ги опфаќа формирање и обележување на паркинг зони на булеварот „Јане Сандански“, како и улиците „23 Октомври“, „Ангел Димовски“ и „Коста Новаковиќ“, а втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период“, велат од Општина Аеродром.

Како што додаваат Аеродром станува урбана и зелена општина, со доволен број паркинг места и организиран систем за паркинг.

„Со проширувањето на опфатот општината го реализира ветување за обезбедување доволен број слободни паркинг места за жителите на Аеродром и отстранување на хаварисаните возила“, додаваат од Општината.

16.11.2023 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа