Припадници на српската полиција синоќа спроведоа силна акција во Белград, во која беше уапсен опасен бегалец баран за повеќе тешки кривични дела.

Во акцијата учествуваа полициски службеници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за криминалистичко разузнавање, УКП ПУ за град Белград и П.У.

По уапсеното лице била распишана потрага од страна на ПУ Ваљево за сторени кривични дела противправно лишување од слобода и малтретирање и тортура.

Покрај ова, по него трагаа и полициски службеници на ЈП за град Белград, УКП, Одделот за борба против дрога за кривично дело попречување службено лице во вршење на службена должност.

Според информациите, судијата за претходна постапка на Основниот суд во Ваљево на осомничениот веќе му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Како што може да се види на драматичната снимка од апсењето, тој се обидел да побегне од полициските сили, но пристигнала полицијата и брзо го привела.

Exit mobile version