Опра одбила да бид кума на малата Лилибет-Водителката ја откри причината

Американската водителка Опра Винфри одлучи да ги запре гласините за кумство на ќерката на принцот Хари, Меган Маркл.

Имено, како што беше наведено, тие побарале да биде кума на малата Лилибет, а Опра сега објасни што се случува.

- Јас сум сосед и пријател само, верувам дека ќе најдат некој помлад за таа улога - објасни Опра, која е во добри односи со семејството од 2018 година, кога доби покана за нивната кралска венчавка.

За време на интервјуто, таа откри дека навистина и се допаѓа избраното име за девојчето и дека ќе им испрати специјален подарок на гордите родители за Денот на татковците.

Опра го сними интервјуто со Хари и Меган по неколку бурни месеци за нив двајца, во кои тие станаа родители, беа на погребот на покојниот Филип и направија интервју со Опра кое го привлече вниманието на пошироката јавност.

20.06.2021 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега