Опозицијата обвинува дека власта турка попис без консензус - Симовски очекува Пендаровски да го потпише указот за Законот

Опозицијата обвинува дека власта се обидува да протурка процес за попишување без консензус во општеството.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вели дека туркајќи го на сила Законот за попис власта создала услови за неточен попис или попис како политичка операција.

-И токму кај нив лежи одговорноста и треба да се бара одговорност при евентуално пропаѓање на пописот од било која причина – дали тоа би било неточен попис, неисполнет попис, непризнаен попис од политичките и од општествените фактори или пак прекинат попис заради одбивање на граѓаните да се попишат. Зоран Заев не успеа да направи консензус за ниедно важно прашање во општеството, ниту за договорот или пак за Анексот со Бугарија, ниту за образовните реформи, ниту за здравствените состојби и нивното надминување, ниту сега за пописот! И за тоа мора сам заедно со своите послушници да сносат одговорност, рече Стоилковски, одговорајќи на новинарско прашање.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, пак, очекува дека претседателот на државата Стево Пендаровски што поскоро ќе го потпише Законот.

Во изјава за Слободен печат рече дека секој час е значаен за на време Заводот да биде подготвен за спроведување на пописот.

– Се надевам дека ќе помине целата процедура околу овој закон. Очекувам дека ќе биде потпишан указот, бидејќи не сметам дека правните експерти би наишле на недоследности во законското решение, вели Симовски.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, тој врши консултации со правни експерти за Законот за попис и во наредните неколку денови ќе го соопшти својот став.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски го повика претседателот да се консултира со експерти пред да донесе одлука дали да го потпише законот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега