Оперирано 17 годишно момче со тумор на десна подлактица, прва операција од ваков тип во земјата
Од Министерството за здравство известуваат дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ било оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот на хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстранил во целост туморот од долниот крај на радиусот и го заменил со коска од починат донор.
„Оваа е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти“ - истакнаа од ресорното министерство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа