ООУ „Ј. Х. Песталоци“: Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања
ООУ „Ј. Х. Песталоци“ - Скопје каде Вања учеше изрази големо сочуство по повод смртта на Вања.
Преку фејзбук профилот на училиштето, тие напишаа:
„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме...
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!“, стои во објавата.
04.12.2023 - 09:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа