Грчките власти донесоа одлука за промена на терминот за воведување на новите сообраќајни правила кои се однесуваат на сите возила кои влегуваат во земјата.
Станува збор за воведувањето на ново барање за содржината на комплетот за прва помош во возилата кои влегуваат во Грција, кое првично требаше да стапи на сила со почетокот на ова лето.
Како што информираат од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“, примената на оваа мерка сега е официјално одложена за следната година.
„Воведувањето на ново барање за содржината на комплетот за прва помош во возилата кои влегуваат во Грција е одложено до 01 јануари 2027 година“, се наведува во известувањето испратено до членките на асоцијацијата.
Првично зацртаниот рок претрпе измена по реакцијата на тамошните институции и објавата во нивното службено гласило.
„Првично објавената дата 18 јуни 2026 година е променета со објава во Владински весник на Р.Грција“, појаснуваат од „Макам-транс“.
Превозниците додаваат дека сите заинтересирани граѓани и транспортери можат директно да ја преземат и разгледаат официјалната одлука во Владинскиот весник на Република Грција, каде што е објавено пролонгирањето на овој рок.


